| четврток, 6 декември 2018 |

Враќање на Стојков во Вардар

Stojkov protiv Skendija

Ацо Стојков се врати во Вардар и ќе биде првото засилување на македонскиот првак пред искушението во квалификациите од Лигата на шампионите. Актуелниот македонски репрезентативец потпиша тригодишен договор со „вардарци“.

Ацо Стојков е нов член на Ф.К. Вардар. Фудбалерот во идните три години ќе го носи дресот на нашиот тим, каде што се враќа по 1,5 година пауза откако беше дел од „црвено-црните“ во 2013 година. Стојков доаѓа од екипата на Скендер-бег со која го освои шампионскиот пехар – е информацијата на официјалната веб-страница на „црвено-црните“.

Аце Стојков беше дел од тимот на Вардар што ја освои седмата шампионска титула во македонското првенство во сезоната 2012/2013, кога постигна 17 погодоци и беше еден од најдобрите стрелци. Следната сезона Стојков блесна во дресот на Работнички, а потоа замина во Скендер-бег, клуб со кого ја освои титулата во албанското првенство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top