,,Зборигами” е новата збирка поезија на младата авторка Зорица Петкоска која утре и официјално ќе го промовира своето ново дело, кое е олицетворение на македонската поезија надополнета со јапонска естетика. Промоцијата е со почеток од 19 часот во Булеварот на книгите.
Карактеристично за оваа книга се песните кои се всушност визуелна поезија. Покрај секоја песна има јапонски знак, калиграфски испишан.
Фокусот на инспирацијата е јапонското писмо, кое е причина плус зошто оваа книга е различна, уникатна и необична.
Промоцијата на ова дело на Зорица Петкоска ќе се случува утре, среда, во автентичен јапонски стил, со примеси на источната култура и традиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



