Плашејќи се дека неговата девојка ќе го пропушти летот поради сообраќајната гужва, еден Французин се јавил во аеродромот во Бордо, на југозападот на Франција, и рекол дека во зградата се наоѓа бомба.
Како што денеска соопшти обвинителството во тој град, 33 годишниот Французин во анонимниот телефонски повик упатен на аеродромската служба рекол дека на аеродромот се наоѓа бомба, по што биле пролонгирани сите летови, а службата веднаш започнала потрага по бомбата.
Откако е утврдено дека на аеродромот нема бомба, властите го лоцирале местото на телефонскиот повик и го уапсиле Французинот кој признал дека тоа го направил за неговата девојка да не го пропушти својот лет.
На Французинот, чие име не е наведено, му се заканува казна затвор до две години или парична казна до 30.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



