| четврток, 6 декември 2018 |

Николиќ: Последните терористички планови го потврдуваат стравот за Голема Албанија

vucic-nikolic

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави во интервју за Б92, дека Србија ги понудила информациите за Куманово. Тој додаде дека улогата на неговите служби била важна, бидејќи според него, српската служба била таа која што ги дала првите информации за вооружената група од Косово.

Српскиот претседател Томислав Николиќ, изјави дека последните терористички планови во регионот, го потврдуваат стравот дека се создава таканаречената Голема Албанија, која датира од 1878 година и дека тоа се прави со воено – политичко дејствување кое ќе создаде интегрирана територија со териториите на Македонија, Србија, Црна Гора и Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top