| четврток, 6 декември 2018 |

Тероризмот станува проблем за Босна и Херцеговина

dragan-mektic

Босанскиот министер за безбедност Драган Мектиќ во денешната изјава на прес конференцијата по средба со министерот за внатрешни работи на Република Српска изјави: Тероризмот станува проблем за Босна и Херцеговина, тоа треба да се признае и да се преземат мерки, изјави денеска.

– Имаме идеологија, која го прифаќа, поддржува, поттикнува и финансира тероризмот, и не можам да дозволам една мала група измамници, криминалци и терористи да бидат закана за безбедноста на граѓаните во земјата, истакна Мектиќ.

Двајцата министри разговарале и за формирање група за борба против тероризмот, која наскоро ќе биде активирана. Мектиќ нагласил дека обвинителството заедно со групата ќе водат секојдневна борба против тероризмот.

Босанскиот министер истакна дека е потребна државна стратегија за долготрајна „дерадикализација“ и превенција на тероризмот. Тој додаде дека треба да бидат преземени поефикасни судски мерки во случаите со поттикнување на тероризмот и да се реши проблемот со босанските граѓани, кои се враќаат од борбите во Сирија и Ирак

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top