| четврток, 6 декември 2018 |

Миленичињата во древниот Египет имале суров живот

01egyptanimal.adapt.676.1За древните Еѓипќани, да се биде сопственик на диви и егзотични животни, преставувало моќ и богатство. Но, остатоците на павијаните, нилски коњи, како и други елитни миленици погребани пред повеќе од 5.000 години во гробница во близина на Нил ја откриваат темната страна на овој статусен симбол.

Скелетите на бабуните, пронајдени во гробниците се со голем број на скршеници на нивните екстремитети што укажува кои методи за казнување ги користеле. На дел од нив откриени се скршеници кои јасно укажуваат на тоа дека ги држеле горните екстремитети на главата, за да се заштитат од ударите. Остатоците од пронајдениот нилски коњ имаат докази дека се повредил сакајќи да се ослободи од прангите со кои бил чуван, а слични повреди биле пронајдени и кај антилопите и неколку диви крави.

Животните биле пронајдени во антички гробишта на Хиераконополис, град кој се развил долго пред Египет да стане Обединетото Кралство во кое владееле фараоните.

03egyptanimal.adapt.676.1

Ископувањата откриле два слона, леопард, два крокодила и остатоци на уште девет егзотични видови погребани во близина на гробовите на моќните граѓани. Никаде на друго место во Египет  археолозите не пронашле таква низа на древни животни кои биле чувани како миленици и најверојатно биле жртвувани по смртта на нивните сопственици.

Различни животни кријат различни значења за нивните сопственици, вели Рене Фридман, која е директор на експедиција.  ЕЕлитните владетели, сопственици на слоновите сакале да ја прикажат својата сила преку големиот миленик. Нилски коњ, од друга страна, претставува страшен, деструктивен ѕвер, а симболиката која сакале да ја престават неговите сопственици значи дека сте моќни во контролирање на хаотичената сила во природата”, вели таа.

Повредите на животните покажуваат знаци на заздравување, сугерирајќи дека тие се чувани живи во заробеништво по неколку недели или подолго време наместо да бидат убиени веднаш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top