Богатиот катарски милијардер и претседател на Пари Сен Жермен Насер Ал-Келаифи потврди за италијанските медиуми дека ургвајскиот репрезентативец Едисон Кавани дефинитивно останува во клубот. Тој негираше било каква поврзаност со транфер на Кавани во редовите на Јувентус и напомена дека целта на клубот е да биде посилен од сега, а евентуалното заминување на Кавани би ги ослабило „светците“.
– Кавани? Тој е одличен фудбалер и сигурно нема да си замине од ПСЖ. Останува во клубот, затоа што ние имаме големи планови во наредните неколку сезони – изјави Ал–Келаифи.
Во продолжение тој не сакаше да проговори за евентулната понуда до Јувентус за услугите на Пол Погба и за некоу други засилувања за следната сезона.
– Кога е преодниот рок во прашање и купувањето на нови фудбалери, не е време да давам конкретни изјави. За се ќе бидете известени навремено – дополни катарскиот милијардер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


