| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајден малолетник повреден по целото тело, починал на пат кон болница

Повредено лице во пределот на целото тело било пронајдено синоќа околу 22 часот на железничката пруга Демир Капија-Неготино.

Лицето лежело покрај шините, а по неговото пронаоѓање било итно пренесено во медицинскиот центар, од каде поради сериозноста на повредите било префрлено во Ургентниот центар во Скопје, но на пат починало.

Од полицијата иформираат дека станува збор за 16 годишен државјанин на Авганистан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top