| четврток, 6 декември 2018 |

Јоноски на раце испратен од Ла Риоха

ace-615x400

Клубските колеги на македонскиот ракометен репрезентативец Аце Јоноски, кој до денеска играше за Лa Риоха по одигрување на последниот натпревар беше кренат на раце на теренот.  Неговиот досегашен тим славеше над Хихон со 35-17.

Јоноски во клубот мина нецели четири месеци. По завршување на мечот, на раце на соиграчите  и со силни аплаузи од публиката беше изнесен од теренот.

Се уште не е позната идната дестинација на Аце Јоноски, но повеќе од сигурно е дека тој повторно ќе ја продолжи интернационалната кариера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top