| четврток, 6 декември 2018 |

Русија ќе ја развива соработка со сите земји, вклучително и со Македонија

песков

Русија планира да ја развива соработката со сите земји, вклучително и со Македонија, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе „Нови магазин“, повикувајќи се на ТАСС.

– Русија продолжува да повикува на развој на дијалогот и соработката со сите партнери и со сите држави што го посакуваат тоа. Ние ќе продолжиме да го правиме тоа и во иднина – изјави Песков за новинарите.

Тој одби да коментира за можните акции од страна на Москва за поддршка на Македонија и потенцира дека позицијата на Русија е изнесена во говорот на министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, и оти нема што да додаде.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top