Двајца пешаци се повредени во сообраќајна несреќа што вчера околу 19 часот се случила на локалниот пат во тетовско Радиовце.
Од СВР Тетово информираат дека 23-годишниот А.Р. со автомобил „голф“ удрил во соселаните Д.Д.(57) и Р.Б(55).
Од ударот, пешаците што со „голфот“ биле пренесени во тетовската клиничка болница, поради здобиените повреди се задржани за натамошно лекување.
По извршениот увид се расветлуваат причините за несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


