Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски пристигна во Палермо на вообичаените медицински прегледи за да го официјализира двегодишниот договор со својот нов клуб од Сицилија.
Трајковски се договори со Управата на калчолигашот и заедно со Горан Пандев, а веројатно и Никола Јакимовски, ќе биде триото македонски фудбалери кои ќе настапуваат во Серија А следната сезона.
– Трајковски е првото наше засилување, а потоа продолжуваме понатаму. Со него очекуваме да добиеме одлична конкуренција во нападот. Се работи за млад, но веќе докажан одличен фудбалер – рече претседателот на Палермо, Маурицио Зампарини.
Пандев се враќа во Италија, но сега ќе игра за Џенова, а претходно беше член на Лацио, Интер и на Наполи. Најавено е дека во тимот на Џенова ќе пристигне и Јакимовски од редовите на второлигашот Варезе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот
-
Палермо е главен град на културата 2018: До крајот на годината ќе биде домаќин на специјални настани и изложби
-
Силен ветар однесе пет жртви во Италија
-
Нова трагедија во Италија: Поплава однесе најмалку осум животи



