| четврток, 6 декември 2018 |

Франција: Разбиена криминална мрежа за експлоатација на Романки

Европол соопшти дека разбила мрежа за илегална трговија со луѓе, која носела Романки во Франција и сексуално ги експлоатирала.

Европол наведе дека истрагата против „доброорганизираната криминална група, која дејствува во Романија, со сложена хиреархиска структура“ почнала во 2012 година. Криминалците ги рекламирале сексуалните услуги електронски и жените ги носеле низ француските градови. Криминалната мрежа имала заработка од околу четири милиони евра.

Во полициската операција се задржани 25 осомничени лица, извршен е претрес во 56 дома, конфискувани се 20.000 евра, 12 луксузни автомобили, 88 мобилни телефони, 79 СИМ-картички, 25 компјутери, стероиди и накит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top