| четврток, 6 декември 2018 |

Газдата на „Реј Бан“ ги почести вработените со акции во вредност од девет милиони долари

Основачот на италијанската компанија за производство на очила „Луксотик“ одлучи да ги израдува своите осум илјади вработени давајќи им на подарок акции во вредносот од девет милиони евра.

sopstvenik-na-ray-ban

 

Леонардо дел Векио, вториот најбогат Италијанец, ги подели на неговите вработени 140.000 акции на „Луксотик“ за неговиот 80-­ти роденден. ­

„Големо благодарам на вработените во компаниите во Италија кои се најзаслужни за успехот на Луксотик“, наведе во неговото соопштени великодушниот газда. ­

„Со овој мал гест, сакам да кажам колку работниците ми се важни. Искрено верувам дека сме едно семејство“, истакна тој.

Компанијата „Луксотик“ која ги поседува брендовите како што се „Реј Бан“ и „Окли“, забележа минатата година рекорден профит, а 2015 година ја започна во голем стил, зголемување го профитот во првиот квартал за 34 отсто, благодарејќи пред се, на наглиот пораст на продажба во Северна Америка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top