| четврток, 6 декември 2018 |

Москва веќе не се противи на слободната трговска зона меѓу ЕУ и Украина

Ukraine's newly appointed Foreign Minister Klimkin speaks during his presentation to employees in Kiev

Русија повеќе не е против воведување на сеопфатна слободна трговска зона меѓу Украина и ЕУ во јануари следната година, изјави украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин.

Како што јави украинската новинска агенција Укринформ, според Климкин, ова е утврдено на вчерашните тристрани консултации меѓу Украина, ЕУ и Русија во Брисел.

– Главниот резултат од разговорите е јасната согласност дека текстот на Договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Украина, не треба да се измени. Исто така, како второ, е утврдено дека датумот за почеток на целосно спроведување на слободната трговска зона, 1 јануари 2016 година, нема да се промени. Руската страна не е против овие два основни предлога – истакна шефот на украинската дипломатија.

Климкин, исто така, нагласи дека трите страни се согласиле да продолжат со разговори на експертско ниво за практични прашања во три области, меѓу кои царинската управа, техничките проблеми во трговијата, санитарни и фитосанитарни мерки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top