| четврток, 6 декември 2018 |

Кланот Заеви на митинг на СДСМ со „порше“ вредно 200.000 евра

porsche-elenica
Кланот Заеви на митинг во Скопје доаѓаат со скап автомобил – „порше 911“. Ова е само едно од возилата од богатиот возен парк на Заеви. Познавачите велат дека ова ново возило, како ова што е фотографирано во саботата на влез во Скопје, непосредно пред митингот на опозиционата СДСМ вреди околу 200.000 евра. Возилото се води на фирмата „Еленица“ од Струмица, која се занимава со производство на тули и керамиди, сопственост на прв братучед на аболицираниот градоначалник на Струмица, Зоран Заев. Струмичани коментираат дека ова возило го вози Вице Заев, братот на струмичкиот градоначалник. Тој се споменуваше во аферата за барање поткуп. Во видеото кое излезе во јавност Заев му бара поткуп на човек за да се среди работа околу одредена локација во општината. Заев му посочува дека по едно евро од  квадратен метар оди за црквата, а по едно евро од  квадратен метар може да се даде на Вицето (Вице Заев). Видеото, според кое се сомничи дека Заев барал поткуп од 200 000 евра, фрли сомнеж дека Заев неколку пати го сторил истото.

Дали тие 200.000 евра кои ги барал Заев се извор на средства за богатиот возен парк на кланот Заеви?!

Инаку за Фирмата „Еленица“ излегоа информации дека добива пари од Општина Струмица, но сопствениците негираа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top