Македонскиот перемиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски му порача на опозицискиот лидер Зоран Заев дека вечерашниот митинг за поддршка на владата е доказ дека не успал да ја сруши со монтирани снимки и терористички банди, пишува српски Нови Магазин, во чиј текст се наведува дека на митингот присуствувале околу 90.000 луѓе.
-Мислевте дека ќе потклекнеме, но вечерва добивте одговор. Македонија не се предава. Македонија е силна, беа зборовите на Греувски упатени кон опозицијата, пишува Новимагазин.рс
Во текстот се наведува дека Груевски посочил дека херојството на загинатите полицајците во борбата со наоружаните терористи на 9.мај во Куманово е пример за тоа.
Како што пишува српскиот сајт, Груевски пред присутните 90.000 граѓани истакна и дека Македонија не може да дозволи да има премиер кој јавно бара од народот да ја свитка кичмата, туку дека мора да има премиер кој ќе се бори да најде достоинствено решение за проблемите.
Српски Нови Магазин пишува дека народниот собир на валдеачката партија поминал без никакви инциденти.
На митингот за поддршка на Груевски, како што пишуваа српкиот сајт, имаше граѓани од сите населени места во Македонија.
На митингот на ВМРО-ДПМНЕ, како што наведува сајтот, присуствуваше и евро-пратеникот Ричард Ховит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



