| четврток, 6 декември 2018 |

Хилари и Бил Клинтон наплатиле 25 милиони долари од говори

bill and hillaryХилари и Бил Клинтон заработиле над 25 милиони долари од над 100 говори во периодот меѓу јануари 2014 и мај 2015 година, објавија американски медиуми повикувајќи се на Федералната изборна комисија.

Деталите за имотните декларации се објавени по барање на анонимен претставник од предизборниот тим на Хилари Клинтон.

Откако таа ја напушти функцијата државен секретар во 2013 година, хонорарот за еден говор и е до 250 илјади долари. Хилари добила и околу пет милиони долари од продажбата на својата книга Тешки одлуки која беше пуштена во продажба во јуни минатата година. Таа е водечки кандидат на Демократската партија за номинација за претседателските избори во 2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top