| четврток, 6 декември 2018 |

За манифестацијата „Толоп културен бран“ може да се аплицира до 8 јуни

Конкурс за учество во финансирање за манифестацијата „Топол културен бран“ во 2015 година, објави Министерството за култура, на кој заинтересираните општини треба да аплицираат најдоцна до 8 јуни 2015 година.

Целта на овој проект, кој се организира во изминатите неколку години, е дисперзија на културата и рамномерен локален.

Како и претходно, и оваа година „Топол културен бран“ ќе има две етапи – првата од 20-ти до 31 јули, а втората од 20-ти до 31 август. Манифестацијата ќе се реализира преку заедничко финансирање од Министерството за култура и локалната самоуправа со обезбеден партнерски и финансиски однос за остварување на културните потреби на сите граѓани.

– Општините треба да достават прецизна и сеопфатна програма со проекти од сите области на културата: филм, театар, музика, танц, литература и ликовна уметност. Приоритет при одлучувањето ќе имаат општините кои ќе достават квалитетна, сеопфатна и разновидна програмска содржина со што ќе придонесат за побогат културен и туристички развој, како и општините кои гравитираат во пограничен регион и имаат туристички потенцијал, информира Министерството за култура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top