Театарскиот перформанс Fictional State (Фиктивна Состојба) – Трилогија на соживот 3-ти дел ќе се одржи вечерва во 22 часот во фоајето на Кино Фросина.
Во 2012 година режисерот Франц вон Штролцен (Franz von Strolchen) доаѓа во Македонија за да ја истражи фиктивната состојба на безименост. Преку многу интервјуа и снимања низ земјата тој, заедно со тројца македонски актери и Берлинскиот техно продуцент Ларс Стове (Lars Stöwe)- диџеј Анстам (DJ Anstam) креира алтернативен клабинг перформанс, како прототипичен собирен настан, инспириан од забавите кои биле организирани во време на конфликт.
Преку разгледување на прашања кои во нашето општество се провлекуваат како безвременски, овој перформанс се труди да создаде утопично општество, барем во за една вечер, во една просторија. Клуб- културата се зема како средишна точка за соживот во, пред сѐ, немирни времиња.
Перформансот е претходно изведуван во Флитстрит Театар (Fleetstreet Theater) во Хамбург, Германија и во Форум Штадтпарк (Forum Stadtpark) во Грац, Австрија и воедно е закажан да се изведе на театарскиот фестивал АУТНАУ! (OUTNOW!) во Бремен, Германија, во мај годинава.
Играат: Ивица Димитријевиќ, Наталија Теодосиева, Бобан Кулески Режија: Франз вон Штролцен (Franz von Strolchen) Текст: Кристијан Винклер (Christian Winkler) Музика: Ларс Стове- диџеј Анстам (Lars Stöwe- DJ Anstam) Видеоарт: Симон Јансен (Simon Janssen) Асистент: Ерина Богоева.
После театарскиот перформанс продолжуваме со журка насловена Space As culture Vol.2, со настапи на Мирко Попов, Дарко Јорданов и Видиновски од Македонија и DJ M.E.N.U од Амстердам Холандија. Влезницата чини 150 денари до полноќ, после полноќ 200 денари.
Театарскиот перформанс започнува од 22 часот, забавата од 23:15 часот и ќе трае до раните утрински часови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


