| четврток, 6 декември 2018 |

Украинската влада го одобри одредувањето на границата со Русија

украина

Владата на Украина одобри план за инженерско-техничко одредување на границата со Русија, за териториите кои припаѓаат кон зоната на воени операции во Донабас и кон Крим, јави ТАСС.

Планот треба да биде исполнет во период од 2015 до 2018 година.

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук минатата година изјави дека Киев почна да градии реална граница со Русија долга 2.295 километри. Границата ќе претставува ров, широк минимум четирии длабок два метри, доплнет со ситеми за оптичко и електронско набљудување, кули и друга опрема. На морската граница ќе има оптичко-електронско набљудување. Проектот наречен „Ѕид“ ќе чини најмалку 66 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top