| четврток, 6 декември 2018 |

Поезијата на Димковска ќе се чита на конференција во Грац

Во рамки на научната конференција „Меѓу европските интеграции и национализмот – мрежи без граници“ денеска во Грац ќе се одржи книжевно читање на поезијата на Лидија Димковска во препев на германски јазик од Александар Сицман.

Со Димковска, за нејзините книжевни и културни предизвици, ќе разговара Маша Дабиќ, новинарка од областа на културата во австрискиот дневен весник „Стандард“.

Конференцијата во Грац, која трае од 4 до 6 мај, се одржува 44. пат, а ја организира Асоцијацијата на библиотеки и центри за документација на југоисточните европски студии во соработка со Центарот за европски студии на Универзитетот во Грац, Градската универзитетска библиотека, преведувачката мрежа Традуки и Асоцијацијата на Југоисточна Европа со седиште во Минхен.

На неа учествуваат многубројни научници од областа на славистиката, академици и професори од Русија, Полска, Украина, Германија, Австрија, Швајцарија, Летонија. Тие дискутираат за културните политики, образованието, библиотекарството, геополитиките и славистиката во Европа.

Во рамки на конференцијата се организира и книжевно читање со избран поет-гостин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top