| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска учениците ќе ги знаат прашањата од екстерното тестирање

eksterno

Денеска по 20 часот прашањата што ќе бидат дел од тестовите при процесот на екстерно тестирање на учениците од четврто одделение во основно образование до трета година во средно образование ќе бидат објавени на веб-страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk – информира Министерството за образование.

Јавниот базен ќе содржи 445.700 прашања на македонски, албански, турски и на српски јазик по вкупно 7.560 предмети. За секој предмет се генерирани прашања во зависност од неговата застапеност во наставниот план, односно бројот на часови. За предмет застапен со 1 час неделно, генерирани се 100 прашања, за предмет со 2 часа неделно генерирани се 200 прашања, за предмет застапен со 3 часа неделно генерирани се 300 прашања.

Секој ученик може на едноставен начин, преку менито на веб-страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk, да ги обезбеди оние прашања по предметите коишто го засегаат.

Исто така, отворена е и можноста на секое прашање доколку некој од учениците или кој било граѓанин забележи извесна грешка од техничка или друга природа, која е возможно да постои имајќи ја предвид количината на прашањата, да пријави со само еден клик на апликацијата/прозорчето поставено веднаш до секое прашање.

За други прашања или сугестии коишто не се поврзани со содржината, односно со технички корекции на прашања, може да се испрати е-пошта на адресата [email protected], на што операторите од Државниот испитен центар ќе одговорат во најкраток можен рок. Оваа можност ќе биде достапна до 14 мај 2015 година, по што, откако ќе бидат вметнати сите издржани забелешки, повторно ќе биде креирана и објавена финалната база на прашања.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top