| четврток, 6 декември 2018 |

Фон дер Лаен: Наша цел е создавање европска армија

Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лаен изјави дека формирањето европска армија е долгорочна цел и како пример ја наведе германско­ холандската воена соработка. Таа даде интервју заедно со холандската колешка Жанин Хенис Пасхерт за Билд ам Зонтаг. ­

– Европската армија останува долгорочна цел, но остварувањето на тоа, најверојатно, ќе го дочекаат моите деца. Сега се работи на тоа чекор по чекор да се засили европската одбранбена унија. И САД сака Европа да стане силна во НАТО. И за тоа да се постигне, мора одделни нации да излезат со конкретна воена соработка, како што тоа го прават Германците и Холанѓаните – изјави Фон Дер Лаен.

Холандската министерка Хенис Пласхерт предупреди денеска за ризици и за закани што не познаваат граници и дека на НАТО му недостига рамнотежа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top