| четврток, 6 декември 2018 |

Нема послатко, Челси чека „почесна стража“ од фудбалерите на Ливерпул

 

Фудбалерите на Челси на својот стадион „Стемфорд бриџ“ ја прославија титулата, а најслаткото допрва доаѓа и прв новиот шампион на Англија со аплузи ќе го почестат играчите на Ливерпул. Тим од големата четворка во Премиерлигата, заедно со Челси, Арсенал и со Манчестер јунајтед.

Во следното 36. коло, на 10 мај повторно во Лондон на „Стемфорд бриџ“ фудбалерите на Ливерпул ќе бидат во незгодна позиција и ќе мора пред стартот на мечот наредени еден до друг да им аплаудираат на новите шампиони, на лутите ривали од Челси. Таканаречената „почесна стража“ е традиција во Англија и досега сите екипи се придржуваат до неа иако ситуацијата нималку не е пријатна. Особено кога станува збор за екипи што имаат голем ривалитет, како Ливерпул и Челси.

chelsea

Откако една екипа и теоретски ќе ја освои титулата, веќе на следниот меч противниците на самиот терен со аплаузи ги дочекуваат новите прваци.

Неколкупати досега се случувало тоа да бидат две екипи од големата четворка на англискиот фудбал. Последен пат токму играчите на Челси стоеја мирно пред фудбалерите на лутиот ривал Манчестер јунајтед и им аплаудираа како честитка за титулата во 2007 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top