| четврток, 6 декември 2018 |

„Калбуко“ повторно исфрла пепел и гас

вулкан
На југот на Чиле повторно се активираше вулканот Калбуко, исфрлајќи во воздухот столб од пепел, гас и вжештени камења, третпат во последните неколку дена, соопштѕи чилеанската геолошка служба.Локалните власти прогласија црвено ниво на опасност и наложија да се евакуира населението во пречник од 20 километри од вулканот, пренесува Танјуг.

Над кратерот на вулканот облак од пареа и гасови се крена вчера на висина до четири километри, а ветрот го носи кон југоисток, каде има многу населени места.

Заменикот министер за внатрешни работи Махмуд Алеуј изјави дека најновата ерупција е помала од претходните две и оти ќе бидат евакуирани околу 2.500 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top