| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва премиера на „Одмазници: Ерата на Ултрон“

Македонското студио за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х во соработка со „Double Negative“ од Лондон и работеше на ефектите на „Одмазници: Ерата на Ултрон“ („Avengers:Age of Ultron”), чија премиера во Македонија е овој четврток, 30 април.

На проектот „Одмазници: Ерата на Ултрон“, ФХ3Х работеше со екипа од 20 артисти во период од два месеци, во февруари оваа година.

Студиото „Марвел“ направи прво прикажување на најновиот филм на Џос Видон на 11 април во Лос Анџелес и Њујорк, само за претставници на медиумите.

Филмот веќе ја имаше својата премиера во делови од Европа и Азија и според најновите информации, заработката на кино благајните ги надмашила очекувањата од 150 милиони американски долари: во првиот викенд на прикажување филмот заработи 201 милион долари. Првиот викенд на прикажување во Америка кој е закажан за 1 мај најавува надмашување на заработката на првиот дел кој донесе 207 милиони долари.

Самиот Видон ова продолжение го претставува по примерот на „Империјата го возвраќа ударот“ („Тhe Empire Strikes Back”), па според тоа не би требало да изненадува што ова продолжение има малку помрачен тон од претходниот дел и далеку поголема емотивна и тематска комплексност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top