Вечерва се одигра заостанатитот натпревар од Премиер лигата меѓу Лестер и Челси. Избраниците на Жозе Мурињо потешко од очекувањата дојдоа до значајни три бода во борбата за титулата во Англија откако го совладаа домаќинот со 3-1.
Творци на победата беа ветарините Дидие Дрогба и Џон Тери со чии голови сините од Лондон дојдоа до целосен пресврт во второто полувреме, откако во првиот дел Лестер поведе со голот на Албрајтон.
Најпрвин Дрогба израмни во 58 минута, а Тери успешно стрелаше во 79 за голема радост на лондончани. Третиот гол беше дело на Рамиреш во 83 минута.
Сега Челси на четири кола до крајот има 13 бодови предност пред Сити и Арсенал, но сеуште постои теорија да не дојде до титулата бидејќи Арсенал има натпревар помалку.
Следното коло Челси дома игра со Кристал Палас кога се очекува големото славје за петтата титула во историјата.
Leicester vs Chelsea 1-3 All Goals and… by videonuyukle
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



