| четврток, 6 декември 2018 |

Милица: Не сум му лута на Жељко иако не ми е сеедно

Milica Lojic_1000x0

Осумнаесетгодишната Милица Лојиќ дури двапати беше исфрлена од сцената на „Икс-фактор“ од Жељко Јоксимовиќ, но таа вели дека не му е лута за овој потег.

Бев доста збунета бидејќи никогаш не сум се нашла во таква ситуација. Тоа беше стресен момент бидејќи не знаев што да очекувам. Не сум му лута на Жељко иако не ми е сеедно – изјави Лојиќ.

Во фазата на регрутниот камп, Јоксимовиќ ги пополнуваше шесте столчиња и избираше девојки со кои ќе работи. Иако прво ја одбра за својот тим, кога беа пополнети само три столчиња, настапи Соња Чоко, чијшто настап помина послабо.

xfactor_rtl_270420151

Жељко одлучи дека нема да го слуша мислењето на своите колеги, туку побара секоја од девојките кои веќе седеа на столчињата да го оцени овој настап. Лојиќ  одби да го коментира настапот, па Јоксимовиќ ја испрати дома.

Милице, и ова е дел од шоуто, да видиме какви сте – ѝ рече тој.

Продуцентите го предупредија дека, според правилата, тој мора прво да ги пополни сите столици, па да прави измени.

Сакав да видам кој каков е. Настапот на Соња беше просечен, а ако ме лажеш в лице, нејќам да работам со тебе – изјави Јоксимовиќ.

Од продукцијата му дозволија овојпат да биде по негово, но дека веќе не смее да ги крши правилата.

Подоцна Жељко ја врати Милица на сцената и ја праша дали знае зошто ја исфрлил од натпреварувањето, на што таа одговори дека не знае.

Изнервиран и од тој одговор, Јоксимовиќ по вторпат ја исфрли, за на крај Хулиќ да ја вметне во една од групите кои ги состави и со кои ќе работи.

– На почетокот бев скептична околу групата бидејќи, сепак, се пријавив како солист, но на крајот бев благодарна бидејќи добив нова шанса, а и девојките се прекрасни и драги. Очекувам одлична соработка со нив и нашиот прв настап. Се надевам дека ќе растуриме – изјави таа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top