Околу пет илјади нови имигранти влегле илегално на територијата на Бугарија од Трција во првите три месеци од оваа година, додека само во еден ден во изминатата недела 55 илегалци – сите бегалци од Блискиот и Средниот Исток се нашле нелегално на бугарската територија, соопштено е во Софија.
Бугарските власти оценуваат дека земјата и понатаму се соочува со тешкиот проблем од напливот на бегалци од воените зони во Сирија, Ирак и Авганистан, но истакнуваат дека во периодот меѓу 1 јануари и крајот на март пограничната полиција во реонот на бугарско-турската граница успеала да открие и да спречи влегување на повеќе од 16 илјади имигранти.
Според сознанијата на Бугарската национална телевизија (БНТ) илегалците се откривани со воведувањето на видео набљудувањата во граничниот сектор и во зголемената соработка со турските власти.
Изминатите месеци на повеќепати од бугарска страна е забележано движење на луѓе во пограничнот сектор на турска територија и за тоа се предупредувани турските погранични власти кои интервенирале. Таквата соработка преку границата помага да се запре бранот бегалци кои преку Бугарија а од таму преку Романија или Србија се обидуваат да се префрлат на Запад во потрага по подобар и побогат живот.
Од 2013 година од бугарската страна на границата со Турција е изградена трислојна ограда со бодликав тел во должина од 32 километри. Во Софија се верува дека таа помага во запирањето на бранот илегалн имигранти па со помош на ЕУ бугарските власти годинава продолжуваат со градењето на заштитната ограда на границата.
Ваквото решение е донесено по притисокот на ЕУ Бугарија да прими назад три илјади илегалци кои се пробиле на Запад додека три земји-членки Германија Австрија и Унгарија бараат од владата во Софија да прими назад дури осум илјади илегални имиганти.
Бугарската Влада поддржана од Грција го отфрли ваквото барање на Унијата инсистирајќи дека тоа „не е фер“ во споредба со односот на ЕУ кон Малта и посебно Италија.
Некои политички партии во Бугарија бараат од Владата да се врати војската на границата со Турција но таквите предлози се отфрлени.
Наместо враќање на војнците, зголемено е присуството на полицијата и на посебните полициски погранични сили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.