Тренерот на Милан, Филипо Инзаги, разочаран по поразот од Удинезе најпрво им одржал „лекција“ во клупскиот автобус, а потоа ги казни своите избраници со забрана за напуштање на тренинг кампот до среда за кога е закажан дуелот со Џенова.
– Го допревте дното. Вие сте безвредни. Би изгубиле од кого ќе стигнете. Да можам сите би ве сменил. Па вие немате никаква почит ни кон мене ни кон клубот. Во иднина за Милан ќе играат само оние кои го сакаат клубот, изјави предводникот на Милан.
Според италијанските медиуми еден од фудбалерите му возвратил на Инзаги со зборовите:
– Ние можеби сме безвредни, ама ни ти не си достоен да бидеш тренер на Милан.
„Росо-нерите“ вчеравечер загубија на гостувањето во Удине со 2:1 во првиот натпревар од 32.коло на Серија А.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



