| четврток, 6 декември 2018 |

Ивон Величковски реизбран за претседател на Либерална партија

Ivon-Velickovski-slajder2
Под мотото „Кризата бара решенија“, Либералната партија денеска го оддржа својот единаесетти Конгрес, а досегашниот претседател Ивон Величковски беше едногласно избран да ја води партијата во наредните четири години.
Конгресот се оддржа во Кинотеката на Македонија, а покрај редовниот избор на органите на ЛП, нов мандат на Централниот комитет и Надзорниот комитет, беа усвоени и Извештајот за работа на ЛП меѓу двата конгреси од 2011 до 2015 и беше донесен новиот партиски Статут.

Единаесеттиот Конгрес донесе и одлуки за потврдување на Доктрината „Пресврт 2018!“ како Програмска декларација на ЛП, како и на Либералните политики за администрација, безбедноста и одбраната, економија и финансии, надворешна политика, локална самоуправа, политички систем, за медиумите…

„Во делот од расправата затворен за јавноста, Конгресот ги донесе Насоките за политичкото дејствување на ЛП во однос на решавањето на тековната политичка криза во РМ. Ви напоменуваме дека со донесувањето на новиот Статут на ЛП, извршено е ребрендирање на партискиот знак. Истиот ќе биде презентиран во текот на следниот период“, стои во соопштението на Либералната партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top