Во прислушуваните разговори беше објавен разговор во кој јас барам средба со Филимена Манева, значи барам средба, а не помош за пресуда, јас жената сум ја видел еднаш пред тој разговор, рече Драган Павловиќ – Латас во емисијата „Јади бурек“.
– Јас од Борјан сум прозван дека сум вршел притисок на судот, а Борјан е тој што барал од Филимена да му смени пресуда при разводот со првата сопруга, со која граделе заедно куќа на три спрата. Борјан оди кај Филимена да ургира да се донесе пресуда тоа што го изградиле заедно со претходната жена, да остане на него и на втората жена – рече Латас.
Латас во врска со испратениот венец во домот на новинарот Борјан Јовановски вели дека е само пропаганден трик кој тие самите си го направиле.
– Зошто на Стевче Јакимовски кога му испратија венец тоа не било ништо страшно, а сега кога му испратија на Борјан е нелегално. Венецот е пропаганден трик. Со кое право венецот за кој знаеме дека го испратил СДСМ е легитимен, а венецот кој не знаеме кој го ставил е нешто страшно. Јас до тој момент го поддржував Борјан, се додека новинари блиски до опозицијата утредента не излегоа на протест. Венецот е доставен од соросоидите за да се употреби утредента во пропагандни сцени – истакна Латас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



