Сите во таборот на Јувентус слават поради пласманот во полуфиналето од Лигата на шампионите по 12 години пост. Секако во управата на клубот веќе размислуваат и за следната сезона и за нови засилувања.
Директорот на „старата дама“ ги открива плановите за следната сезона гледајќи го финансискиот извештај во кој се гледа приход од 300 милиони евра. Оваа сезона Јувентус ќе ја заврши со плус на своето конто и се отваат вратите за нови играчи кои пред се ќе треба да го засилат напаѓачкиот ред.
Прв на метата е младиот Аргентинец Дибала кој игра одлична сезона во Палермо.
– Раговарам со претседателот на Палермо, Замперини. Со играчот се договоривме, но Палермо бара голема сума. Дибала е инвестиција за иднината. Ќе се обидеме да го доведеме во летниот преоден рок – изјави Марота.
Уште две големи имиња се поврзуваат со трансфер во Јувентус. Единиот е Фалкао, кој сепак е нема шанси да дојде бидејќи има преголема плата.
– „Ел Тигре“ е играчот за кого истотака сме заинтересирани. Сепак неговата плата е преголема и тоа за нас е утопија – додаде директорот Марота.
– Кавани не е на продажба, барем така изјавуваат од ПСЖ. Ако нешто се смени ќе се обидеме да го вратиме во Италија – заклучи првиот оперативец на Јувентус.
Јувентус утре во Нион по пат на ждрепка ќе го добие противникот во полуфиналето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


