Гостувајќи во шоуто „Барајќи ги корените“ Бен Афлек открил дека негов прадедо бил робовладетел, па ги замолил продуцентите на шоуто да го сокријат од јавноста тој факт.
Сепак, информацијата е дел од многубројните мејлови и пораки кои неделава ги објави Викилинкс.
-Ова е прв пат наш гостин да замоли да се сокрие информација. Тој е мегаѕвезда, Што да правиме?- пишува во писмото меѓу извршниот директор и водителот на емисијата.
Договорено е да се тргне содржината по барање на славниот актер, под услов никој да не дознае, што секако, констатирано е понатаму во преписката, дека се работи за кршење на правилата дури и кога станува збор за „Бетмен“.
-Одлуката ќе не посрамоти и ќе ја компромитира продукцијата. Ако се отвори вратата за цензура- готови сме- додава директорот.
Сепак емисијата е емитувана без информацијата за дедото на Афлек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


