| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски :Народот е тој што дава и одзема мандат

Tribina na Vmro vo sala Boris (25)

Најважно од сѐ е што сака народот. Народот е тој што гласа на избори и што живее во оваа земја и со секојдневните проблеми на оваа земја. Народот е тој што дава и одзема мандат, народот е тој што ја гради оваа земја, со чии пари издвоени за данок се создаваат дела, проекти, инфраструктура, објекти, се делат поголеми плати пензии социјала, субвенции, се инвестира во земјоделие и образование. Друго е прашањето каде одеа порано тие пари, кои ние денес ги издвојуваме за сите овие наши проекти. Камче се немаше поместено од едно место на друго, а овие од сегашново раководство на сдс слепо и со потскокнување беа најгласните поддржувачи на политиките на седење и не работење – истакна премиерот Никола Груевски во денешното обраќање пред насобраните симпатизери, поддржувачи и членови на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп.

Тој додаде:

И затоа одбраа тема демократија и слобода, тука нема некои посебни параметри, кој како си доживува, сега си слободен, сега не си, и потешко се компарира, освен ако не фатиме да потсетуваме на бројни скандали од нивно време. Но никаде и никако проекти. Тоа го нема, па со што би се споредувале.
Вака демократија и слобода најсигурна работа, плус нема потреба од програма правење, најлесно им е ќе ја вратиме слободата и терај…. ама како ќе бидат даноците, како ќе се обезбедат средства за проекти, што ќе се гради, како ќе се отворат нови работни мест, како ќе се привлечат инвеститори….абе слобода и демократија ќе вратиме па после ќе видиме, ќе тераме некако…звучи смешно, но тоа е за жал реалноста на нашата опозиција. Затоа не е ни чудо што ни со вакви местенки и опасни сценарија ништо не успеваат да направат и издишуваат како балон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top