| четврток, 6 декември 2018 |

Комити тргнаа за Полска, подршката за Вардар е повеќе од потребна

Околу стотина навивачи на РК Вардар познатите „Комити“ тргнаа на долг пат за Полска за да му дадат подршка на својот тим во Кјелце на неделниот реванш натпревар во рамките од четврфиналето од Лигата на шампионите.
Вардарци ќе имаат тешка задача со оглед на тоа дека го загубија мечот во Скопје (20-22), но и покрај тоа, навивачката група на „црвено-црните“ ќе дадат се од себе за да му помогнат на својот миленик.

Како што е најавено „Комити“ треба да пристигнат во Полска доцна вечерва и да преноќат во Краков, а од таму утре со автобуси да се упатат во салата „Легија“ каде се игра натпреварот со почеток од 15.30 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top