| четврток, 6 декември 2018 |

Тинејџери планирале терористички напад во Австралија, полицијата ги уапси

Полицијата во австралискиот град Мелбурн денеска во рамки на голема антитерористичка акција, уапси пет лица на возраст од 18 и 19 години, осомничени за тероризам, јави ТАСС.

Двајца од уапсените се товарат дека планирале терористички напад врз безбедносните служби во земјата.

Според телевизијата  Еј-Би-Си, во рамки на антитерористичката акција полицијата извршила претрес во неколку домови во југоисточниот дел на Мелбурн.

Полицијата соопшти дека уапсените тинејџери биле поттикнати од активностите на џахадистичката група Исламска држава и дека планирале голем терориситчки напад во време на одбележувањето на стогодишнината од Битката на Галиполе во Првата светска војна, што ќе се одржи на 25 април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top