| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот Никола Груевски со семејството за Велигден на литургија во „Св. Великомаченик Георгиј“ во Нов Дојран

На светата литургија во црквата „Св. великомаченик Георгиј“ во Нова Дојран синоќа присуствуваше и премиерот Никола Груевски со семејството. Во сите православни храмови на Југоистокот синоќа се одржаа свети литургии. Голем број верници го посетија и храмот „Св. Великомаченик Георгиј“ во Нов Дојран.

gruevski-dojran-2-1024x576

Груевски и неговата сопруга, каде заедно со дојранчани посакаа среќа, мир и благосостојба на големиот празник.

gruevski-dojran-1024x576

По повод големиот христијански празник Велигден тој испрати честитка до поглаварот на МПЦ-ОА,Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите православни верници во Македонија и во дијаспората во која им посака среќни и благословени празнични денови.

gruevski-dojran2

-Велигден е денот кога се празнува Христовата жртва за човековото спасение, тоа е празник на љубовта, почитувањето на животот, и вербата во спасението. Велигден е длабоко вкоренет во нашата православна традиција и меѓу православните граѓани кои со голема радост и почит пристапуваат кон празнување на овој ден. Велигден е и празник кој во себе ја носи универзалната и цивилизациска порака на љубов и взаемно почитување, на соживот и разбирање. Секој човек поминува низ мигови на искушенија, наш предизвик е да ја пронајдеме силата во себе да се издигнеме над предизвиците на телото и умот и со божја волја да го избереме вистинскиот пат, патот на почитување, на сакањето, да си помагаме и да не си грешиме или да си предизвикуваме зло еден на друг. Примајќи го зборот божји во нашите срца, даваме мир и спокој на душата. Обединети околу овие вредности треба да чекориме напред, сите заедно да придонесуваме во напредокот и развојот на нашата заедничка држава Република Македонија, се вели во честитката на Груевски.

gruevski-dojran1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top