| четврток, 6 декември 2018 |

Исламска држава регрутира приврзаници и во Северен Кавказ

Џихадистичката група Исламска држава (ИД) се обидува да регрутира свои приврзаници во Северен Кавказ, изјави денеска заменик шефот на руската Федерална служба за безбедност, Сергеј Смирнов.

џихад

Тој, по состанокот во Ташкент посветен на борбата против тероризмот, истакна дека Исламска држава почнала да „навлегува во други терористички организации“.

Според него, некои од командантите на екстремистичката група „Имарат Кавказ“ се заколнале на верност кон ИД.

– Тоа е многу опасен тренд, предупреди Смирнов, додавајќи дека ИД на тој начин се обидува да ја прошири зоната на влијание.

Смирнов наведува дека е можно околу 1.700 руски државјани да се борат на страната на ИД, не исклучувајќи ја можноста оваа бројка да е уште поголема.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top