| четврток, 6 декември 2018 |

Кари со нов личен рекорд, Мајами се подалеку од плејофот (видео)

stiven kari

Феноменалниот бек на Голден Стејт СТивен Кари го подобри својот личен рекорд на постгинати тројки во една сезона на синоќешниот дуел на неговиот тим против Портланд кој го добија со 116-105.
Досегашниот рекорд на Кари изнесуваше 272 тројки во една сезона, а тој во синоќешниот натпревар постигна осум со што за четири го подобри својот личен рекорд кој сега изнесува 276 тројки во реуларниот дел од сезоната.
Оваа бројка играчот на Голден Стејт може значително да ја подобри бидејќи до крајот на сезоната остануваат уште три натпревари.

На целиот натпревар, Кари постигна 45 поени и десет асистенции и заедно со Клеј Томпсон кој реализира 26 поени, го водеше Голден Стејт до победата.

Вториот натпревар одигран синоќа во НБА лигата имаше поголемо резутатско значење. Третиот тим на истокот Чикаго речиси ги сруши надежите на Мајами за пласман во плејофот оваа сезона бидејќи славеше победа на теренот на противникот со 89-78.
Сега, актуелниот вицешампион е со биланс од 35 победи и 44 порази и со натпревар повеќе има една победа минус од седмо и осмопласираните Бостон и Бруклин. До крајот на регуларниот дел од сезоната, на Хит му остануваат три натпревари во кои тешко може да дојде до посакуваната цел.

Најефикасен во домашниот тим беше Вајтсајд со 19 поени и 16 скока, додека Булс ги предводеше Пау Гасол со 16 поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top