Тони Цетински влегол во жестока кавга со неговиот колега Жак Худек за време на третата во живо емисија на хрватското музичкото шоу „Д вој“ (The Voice), во кое и двајцата се дел од жирито.
Откако се скарале пред камерите, кавгата наводно продолжила и по снимањето, а да не стигне до поголема тепачка, спречил сопругот на уште една судијка, Индира Левак, пејачката на „Колонија“.
Како што пишува хрватскиот портал „24сата“, Тони Цетински се налутил затоа што од тимот на Жак испаднал Пејрино Ружевиќ, а во Топ 12 наместо него влегла Ема Гагро. Тони ја исфрлил својата кандидатка Ива Ајдуковиќ обраќајќи му се на Худек дека е еднакво професионална како и пуленката на Жак – Нина Краљиќ.
Само што се исклучиле камерите, Тони наводно го тргнал микрофонот и отишол до колегата да го праша во што е проблемот и зошто ја крева тензијата меѓу нив.
Жак го споредил Тони со нешто смрдливо, ја раскажале сведоците кавгата од публиката. Цетински не му останал должен на колегата и му возвратил со навреда на сметка на неговиот стас споредувајќи го домашно животно, пишува „24сата“.
На тоа реагирала сопругата на Жак, Бригита, која седела покрај својот сопруг и Тони го „боцнала“ за неговите наводни гревови од младоста поврзани со опијатите. Вербалниот конфликт кој цело време се заканувал да прерасне во физичка пресметка на двајцата пејачи ја прекинал Мирослав Левак сопругот на пејачката Индира. Тој застанал помеѓу Тони и Жак за конечно да ги смири.
Меѓутоа, се чини дека вербалната пресметка е посериозна, а тоа го докажува и фактот дека Тони има намера да го тужи Жак поради навредување.
Како што пишува „Индекс.хр“, ова не е прв конфликт на Жак Хундек на сетот на The Voice“. Станува збор за кавгата помеѓу Жак и костимографката на ХРТ и тоа околу изборот на неговите панталони. Исто така, Жак имал конфликт и со пејачката и членка на жирото Индира.
Ситуацијата во меѓувреме дополнително се загреала, а се чини дека не дошло само до вербален судир како што на почетокот се пишувало.
„Продукцијата на ХРТ веќе минатата сабота извести дека ќе побара расветлување на наведениот настан. Пристигна пријава за обид за физички напад и забелешки кои таа пријава ја негираат. Затоа, продукцијата на ХРТ за понатамошното постапување ќе побара мислење на Правната служба на ХРТ. За тоа благовремено ќе ве информираме, а до тогаш нема дополнително да го коментираме наведениот нaстан“, стоело во соопштението на Александар Костадинов, водителот на проектот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


