| четврток, 6 декември 2018 |

Убиени 15 полицајци во Мексико

Петнаесет припадници на елитната полициска единица се убиени од заседа во Мексико, најверојатно како одмазда на наркокартел поради апсење на криминалци од Халсико за време на изминатиот викенд.

Нападот врз полицискиот конвој во државата Халиско се случил на патот меѓу летувалиштето Пуерто Валарта, на брегот на Пацификот, и главниот град Гуадалахара.

Овој напад е извршен една недела по неуспешниот обид за атентат врз комесарот за државна безбедност Алехандро Солорио.

Солорио истакна дека четворица осомничени за нападот се предадени на федералните власти во саботата и уште 11 во понеделникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top