| четврток, 6 декември 2018 |

Се спрема свадба за Бургер и Кинг

enhanced-2309-1428398450-12

Џоел Бургер и Ешли Кинг од Илиноис се знаат и сакаат скоро цел свој живот. Неодамна, тие одлучија да ја крунисаат таа љубов со брак, но не очекуваа дека за свадбата ќе дознае цел интернет.

Откако нивната веридба беше објавена во еден локален весник, добија понуда која не се одбива.

enhanced-10466-1428398647-8

Имено, поради нивните презимиња, Бургер и Кинг, компанијата „Бургер кинг“ се понуди да им ја плати целата свадба. Џоел и Ешли добија бесплатна веселба, „Бургер кинг“, пак, одлична реклама.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top