| четврток, 6 декември 2018 |

Во Шпанија почина бугарскиот принц Кардам

Кардам од Бугарија, постариот син на поранешниот крал Симеон Втори, почина во Шпанија, седум години по сообраќајната несрреќа од која принцот никогаш не заздрави, соопшти денеска кралското семејство.

Принцот Кардам (52) почина во болница во Мадрид од белодробна инфекција предизвикана од долгата неподвижност, пренесува Фена.

Неговиот Јагуар удри во дрво во градот Ел Молар, во близина на Мадрид, на 15 август 2008 година. Неговата сопруга беше полесно повредена во сообраќајната несреќа.

Кардам беше најстариот син од петте деца на Симеон Втори. Поранешниот крал се врати во Бугарија во 2001 година и беше премиер до 2005 година. Тој е единствен член од европските кралски семејства кој беше премиер.

Симеон Втори, кој е повлечен од политичкиот живот, роднина е на англиската кралица Елизабета и белгискиот крал Алберт. Крал стана на шест години, но голем број години живееше во егзил во Шпанија. Тој сега живее во Бугарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top