Авион на германската авио-компанија „Џерманвингс“ беше принуден непланирано да слета во Венеција откако на една патничка и член на екипажот им се слоши.
Авионот на летот 03882 од Хановер до Рим беше пренасочен на аеродромот „Марко Поло“ во Венеција, каде патниците слегоа и им било кажано да чекаат во делот за заминување, информира „Индепендент“.
Италијанските медиуми ја пренесуваат изјавата на професор од Рим, кој изјавил дека на патничката која седела зад него и била потребна помош поради „страв од летање“ и „вознемиреност“.
– Кога авионот слета, капетанот ни кажа дека на еден член на екипажот и на една патничка им се слошило и поради тоа одлучил да слета на „Марко Поло“, изјави професорот.
Од „Џерманвинг“ демантираат дека станувало збор за итна ситуација, но го потврдија непланираното слетување во Венеција.
– Две лица, патник и член на екипажот имаа силни мачнини и им беше потребна медицинска помош, се наведува во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во живо од Венеција: Градот е под вода, ама буквално, се е поплавено, водата е до струк и уште надоаѓа!
-
Пожар во познатата опера „Ла Фениче“ во Венеција
-
Македонија на Венециското биенале со „Ослободување на просторот“
-
Хаос на маратонот во Венеција: Фаворитите го згрешиле патот, победил тотален аутсајдер (Видео)


