-Во рамки на Клиничка болница Тетово, изграден е комплетно нов дијагностичко-ургентен центар – инвестиција вредна над 5 милиони евра. Објектот е комплетно готов и ќе биде пуштен во употреба веднаш по закажаниот технички прием веројатно до почетокот на летото. Покрај тоа, во оваа јавна здравствена установа се вложени дополнителни 1,3 милиони евра за реконструкција на одделите за: хирургија, интерна медицина, хемодијализа. Набавена е и најсовремена медицинска опрема во вредност над 5 милиони евра ,која опфаќа и апарат за компјутерска томографија, магнетна резонанца, ангиограф, мамограф и др., со кои значително го унапредивме квалитетот на медицинска дијагностика и третман на пациентите- посочи премиерот Никола Груевски пред тетовци на денешниот народен собир на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој од Тетово порача дека во овој град успешно функционира Центарот за интервентна кардиологија, со што се прошири и се зајакна кардиолошката мрежа за третман на акутен срцев инфаркт.
–Континуирано се зајакнува и здравствениот кадар, и само во изминатите две години во тетовската болница и здравствениот дом се реализирани над 110 нови вработувања, од кои: 56 доктори, 35 медицински сестри, и други технички лица. Сите овие инвестиции придонесоа Клиничката болница во Тетово да прерасне во регионален медицински центар, кон кој гравитираат околу 200.000 жители од реонот на Тетово, Теарце, Јегуновце, Брвеница, Боговиње, Желино – рече Груевски.
Тој се осврна и на реализираното во Гостивар. Таму за реконструкција на болницата се вложени околу половина милион евра, а набавена е и нова медицинска опрема во вредност над 1 милион евра и обезбедени се нови санитетски возила за Итната медицинска помош при Здравствениот дом.
-Во регионот на Тетово и Гостивар успешно се спроведуваат проектите Рурален доктор и Домашна визита со кои се обезбедува здравствена заштита за граѓаните во помалите населени места кои порано патувале и по неколку часа за да стигнат до најблиската здравствена установа, а сега медицински тим ги посетува во самото место на живеење. Веќе издадовме лиценци за подвижните аптеки во Теарце, Јегуновце, Брвеница, Желино, со кои се решава повеќедецениски проблем на немање аптеки во поголем број рурални подрачја во Македонија, и тие започнуваат со работа во наредните 30 дена – рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



