| четврток, 6 декември 2018 |

Турција протера деветмина Британци, кои се обиделе да заминат во ИД

Турција денеска ќе протера деветмина Британци, уапсени поради обид да заминат за Сирија и веројатно да се приклучот кон борците на групата „Исламска држава“.

Две жени и тројца мажи се уапсени во регионот на округот Хатај, во јужниот дел на Турција. Тие со себе воделе четири деца, меѓу кои едногодишно бебе.

Случајот предизвика голем интерес кај британската јавност откако беше откриено дека едно од децата е син на Шакул Ахмед, оптински советник од Лабуристичката партија.

Сите ќе бидат протерани во Велика Британија и ќе добијат забрана за влез во Турција

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top