| четврток, 6 декември 2018 |

Со нож нападнат вработен во „Паркинзи“ кај Клинички

Вработен во скопски „Паркинзи“ пред неполн час бил нападнат со нож и повреден. Настанот се случил во 14.45 часот на улицата „Белградска“ зад Клиничкиот центар во Скопје.

Од СВР Скопје за „Република“ велат дека во моментот осомниченото лице е на распит и се работи на расчистување на случајот и причините за нападот.

Вработениот самиот побарал лекарска помош во Ургентниот центар каде што му е констатирана полесна повреда, исеченица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top