Рускиот претседател Владимир Путин се закани со нуклеарен одговор доколку НАТО продолжи да распоредува оружје во балтичките држави, објави денеска британскиот весник „Тајмс“.
Весникот, повикувајќи се на белешките од тајниот состанок на разузнавачите од Москва и од Вашингтон, пишува дека Путин се заканил со нуклеарна пресметка кон балтичките земји Летонија, Литванија и Естонија, за да го натера НАТО да се повлече од границата со Русија.
Руски безбедносни извори уште минатиот месец предупредија дека Путин е подготвен да одговори со употреба на сила.
Украинската криза го доведе светот поблиску до нуклеарна војна од кога и да е претходно, се наведува во белешките од тајниот состанок.
„Тајмс“ наведува дека додека Путин ја прославувал годишнината од анексијата на Крим, на 18 март, со појавувањето на концертот пред Кремљ, група пензионирани руски генерали се состанале во Торгау, во Германија со нивни американски колеги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



